МВР

Претрес во Куманово, приведено едно лице

18.09.2024 11:17

На 17.09.2024 во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово...

На 17.09.2024 во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово.

При преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 265 од Кривичниот законик.

З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.