Македонија

Заменик- министерката Трајков на конференција по повод Европскиот ден на културното наследство

18.09.2024 11:26

На конференцијата свое поздравно обраќање ќе има и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефан Худолин...

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска ќе учествува на конференција посветена на Европските денови на култруното наследство.

На конференцијата свое поздравно обраќање ќе има и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефан Худолин, Мигел Џон Верслус, академик и професор на Лиден Универзитетот од Холандија, проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитет Скопје, како и други познати и признати имиња во областа на образованието, историјата и истражувањето на културното наследство од Европа и Западен Балкан.