Македонија

ЦУК: Вкупно 1.620 повици на 112, повеќе помали пожари на отворено

18.09.2024 11:30

Во последното деноноќие имало повеќе помали пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места на територијата на државата.

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај во последното деноноќие имало вкупно 1,620 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 56 отсто, а 44 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 64 отсто, кон Итната медицинска помош 27 отсто, кон пожарникарите шест отсто, а кон АМСМ 0,42 отсто од реалните повици кон 112,  соопшти ЦУК.

Во последното деноноќие имало повеќе помали пријавени пожари на отворено, покрај пожари во урбани средини и населени места на територијата на државата.

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита.