Економија

Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница

18.09.2024 11:50

Предлогот на Министерството за економија е доставен до Владата и треба да се разгледа на следната владина седница- соопшти денеска премиерот Мицкоски.

Постигнат е договор за есенската потрошувачка копшница. Предлогот на Министерството за економија е доставен до Владата и треба да се разгледа на следната владина седница- соопшти денеска премиерот Мицкоски.

„Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Аеродром.

До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите.