Дурмиши: Маржата на основните прехранбени производи ќе се ограничи до 10%
Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, истакна Дурмиши.

Ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10%, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. За оваа мерка Владата ќе дискутира на следната седница која ќе се одржи во вторник. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук.
Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, истакна Дурмиши.
Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.
