Здравство

30 проценти од децата имаат потреба од логопед

18.09.2024 12:40

30 проценти од децата од големите групи од градинките во Скопје имаат потреба од логопед, покажале прценките на терен на логопедите од центарот. Од Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација велат во родилиштата се детектираат првите знаци треба да се следат и навреме да се работи со децата...

Доколку на година, детето не кажува неколку зборови со значење, кај родителите треба да се вклучи алармот за предупредување, децидни лекарите од Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација.

30 проценти од децата од големите групи од градинките во Скопје имаат потреба од логопед, покажале проценките на терен на логопедите од центарот.

Директорката вели, во родилиштата се детектираат првите знаци и тие треба да се следат и навреме да се работи со децата.

Министерот призна дека ова институција е на маргините на здравствениот систем, ќе се бара решение за воведување на втора смена, но и решавање на статусот на сите ангажирани во центарот.

Децата со кохлеарен имплант веќе нема да мора да одат во странство. Во центарот е отворен нов кабинет за аудиометрија со нов апарат.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски