Расте бројот на туристи

14.07.2014 14:43

Државниот завод за статистика регистрира зголемување на бројот на туристи во Македонија во месец мај. 

Државниот завод за статистика регистрира зголемување на бројот на туристи во Македонија во месец мај. 

Според податоците кои ги објави Заводот, во месец мај годинава се регистрирани 76.419 туристи и 171.097 ноќевања. Во однос на истиот месец од минатата година, за 13 проценти е зголемен бројот на туристи, додека пак ноќевањата се зголемиле за 12,5 проценти.

Според податоците, за 13 проценти е зголемен бројот и на домашните и на странските туристи, додека пак бројот на ноќевања се големува за 9.8 проценти кај домашните, а за 14.3 кај странските туристи.

Во периодот од јануари до мај, оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристи се има зголемено за 6,7 проценти, кај домашните туристи процентот е 9,9, а кај странските 4,8 проценти. Во првите пет месеци од оваа година, Заводот за статистика евидентира и зголемување на бројот на ноќевања за 5,7 проценти, кај домашните туристи за 5,4 проценти, а кај странските за 5,9 проценти.