Македонските шахисти на 25 место по шест кола на Олимпијадата во Унгарија
18.09.2024 13:50
По вчерашниот убедлив триумф, Македонија има биланс од четири победи и два пораза и се наоѓа на високото 25 место во конкуренција на 197 држави.
Македонската шаховска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 над Хонг Конг во 6 коло на Олимпијадата во Будимпешта.
По вчерашниот убедлив триумф, Македонија има биланс од четири победи и два пораза и се наоѓа на високото 25 место во конкуренција на 197 држави.
Следен противник на македонската репрезентација е Швајцарија.
На женскиот турнир од Олимпијадата, македонската репрезентација е 83-то пласирана. Нашите шахистки во следното коло ќе се соочат со репрезентативките на Тринидад и Тобаго.
Во двете конкуренции лидер на на табелите се репрезентативците на Индија со максимални шест победи.
