Дамева контра Нанев- жестока расправа во Судскиот совет
Жестока расправа во Судскиот совет – Дамева контра Нанев, кој го нарушил угледот на институцијата и судиската функција, кој има лична омраза и нетрпеливост …

Доказната постапка заврши, тензична јавна расправа во Судскиот совет за предлогот за утврдување одговорност на судијата Лазар Нанев. Претседателката Дамева рече дека Нанев со своите незаконски дејствија го нарушил угледот на Судскиот совет и на судиската функција.
Нанев рече дека Дамева, водена од својот гнев и омраза кон него, изнела манипулативни наводи со цел да се омаловажи и дискредитира неговата личност. Тој негира дека го нарушил угледот на Судскиот совет. Нанев вели дека трпел закани по живот од близок роднина на Дамева, осуден за кривичното дело од првостепениот суд.
Членови на Судскиот совет рекоа дека поранешниот претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев остварил 95 телефонски повици со обвинет во случај кој го водел, а Судскиот совет ги читаше доказите во барањето за утврдување негова одговорност за несовесно и нестручно вршење на функцијата.
Игор Панов
