Брисел

Работен ручек на Фон дер Лајен со лидерите од Западниот Балкан

18.09.2024 14:38

Ќе се разговара за планот за раст, фокусиран на социоекономскиот развој и на фундаменталните права, вели портпаролката на Унијата, Писонеро.

Лидерите на шесте држави на Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Мицкоски се поканети на ручек кај претсдедателската на Европската комисија. Ќе се разговара за планот за раст, фокусиран на социоекономскиот развој и на фундаменталните права, вели портпаролката на Унијата, Писонеро.

Таа истакна дека на работниот ручек се поканети премиерите на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Додава дека Брисел ќе ги оценува понудените проекти од секоја земја поединечно за потоа да бидат евентуално одобрени од Комисијата.

Инаку, за време на престојот на премиерот Мицкоски во Брисел, во текот на утрешниот ден предвидени се негови средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.