Владата го раскинува договорот на Лотарија со „Хеј“
Раскинат договорот на Лотарија, вреден 2,6 милиони евра, за закуп на административно-деловен простор. Власта децидна – има простор за покренување кривична постапка...

Постои основа за покренување кривична постапка за договорот за закуп помеѓу Лотарија и фирмата во Визбегово, во сопственост на синот на пратеник од ДУИ, тежок над два ипол милиони евра, вели премиерот Мицкоски. За ова се разговарало и на владина седница. Од Владата велат дека тоа се правело за тројно повисока цена од пазарната.
Под лупа ќе се најдат и издадените лиценци за приредување игри на среќа преку интернет. Овој договор се најде под окото и на Финансиската полиција која отвори предистрага и одзеде документација на Лотарија за да истражи дали има нерегуларности.
Александра Велинова
