Европол разоткри десетици криминалци, при истрагата уапсени се 51 осомничен
Полицијата успеала да спречи 50 лица да бидат убиени, киднапирани или сериозно повредени. Администраторот ја развил апликацијата „Дух“ специјално за криминална употреба во 2017 година. При истрагата уапсени се 51 осомничен, во Австралија, Канада, Шведска, Ирска и Италија.

Европол и Европравда им влегоа во трагот на десетици криминалци кои за комуникација ја користеле платформата позната како „Дух“. При истрагата уапсени се 51 осомничен, во Австралија, Канада, Шведска, Ирска и Италија.
Полицијата успеала да спречи 50 лица да бидат убиени, киднапирани или сериозно повредени. Во комуникацијата од март годинава, биле пресретнати меѓу 125 илјади пораки и видеоповици. Властите тврдат дека администраторот ја развил апликацијата „Дух“ специјално за криминална употреба во 2017 година.
Како што соопшти Европол, серверите биле пронајдени во Франција и Исланд, сопствениците на компанијата биле во Австралија, а финансиските средства биле во САД.
