Обвинителство

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

18.09.2024 14:57

Постапката е како резултат на индиции што произлегоа од доказите што обвинителството ги достави до судот со поднесување на обвинителниот акт во предметот „Синџир“...

Во предметот „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во Управата за јавни приходи.  Обвинителството по дополнително обезбедениот доказен материјал, до скопска единица поднесе обвинителен предлог против петнаесете лица вработени во генералниот даночен инспекторат на УЈП и регионалните дирекции во Скопје, Битола и во Прилеп.

На сите обвинети им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинетите во периодот од 01 јануари 2019 до 31 декември 2021 година, не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера да прибават за друг значителна имотна корист или на друг да му нанесат значителна имотна штета.

По основ на непресметан и неплатен данок прибавиле значителна имотна корист во износ од приближно 168 милиони денари, предизвикувајќи штета на УЈП од над 206 милиони  денари.

Обвинителството предлага на обвинетите да им се определи мерки на претпазливост. Бара и поднесениот обвинителен предлог да биде споен во веќе оформениот предмет.