АЕК: До 2020 интернет со брзина не помала од 30 Mbps за секој корисник

14.07.2014 14:56

За шест години сите корисници на интернет во Македонија, без разлика дали се наоѓаат во урбано или во рурално подрачје, да имаат пристап до интернет со брзина не помала од 30 мегабити во секунда, а сегашната надземна мрежа целосно да биде поставена под земја. Ова го налага Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства, што го донесе Агенцијата за електронски комуникации во консултација со телекомуникациските оператори, Министерството за транспорт и врски и стручни лица.

Моментно во Македонија само 3,61 процент од корисниците имаат пристап до интернет со брзина поголема од 30 мегабити во секунда. Таква брзина на интернет, според динамиката од Правилникот, до 2016 година  треба да имаат 30 проценти од корисниците, до 2018  година 60 проценти, а во 2020 да се достигне таргетот од 100 проценти. Моментните 1 процент корисници на супербрз интернет, со брзина од над 100 мегабити во секунда, се планира да се зголемат на 15 проценти во 2016 година, на 30 проценти во 2018 и на 50 проценти во 2020 година.

Следната генерација пристапни мрежи на граѓаните им овозможуваат брзо пребарување на интернет, следење повеќе  видеостримови со висока резулуција, интерактивни видеоигри, следење мултимедијални содржини со голема брзина, подобри параметри за квалитет.  Пренесувањето на фајловите од компјутер, таблет, паметен телефон, до секој интернет сервер, пак, ќе се направи многу побрзо.