БЛИСКИ ИСТОК

Нови експлозии во Либан, експлодираа воки-токи на припадниците на Хезболах

18.09.2024 18:34

Најмалку една експлозија се случила во близина на местото на погребот организиран од проиранскиот Хезболах за луѓето кои загинаа вчера при експлозија на илјадници пејџери што ги користеле членовите на организацијата...

Ден по експлозиите на илјадници пејџери, денеска, доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија на главниот град Бејрут експлодираа воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале, јави попладнево либанската државна новинска агенција.

Најмалку една експлозија се случила во близина на местото на погребот организиран од проиранскиот Хезболах за луѓето кои загинаа вчера при експлозија на илјадници пејџери што ги користеле членовите на организацијата, изјавија безбедносни извори.

Во најновите напади загинаа најмалку тројца луѓе, а повеќе од 100 се повредени.

Либански безбедносни извори соопштија дека радио апаратите што експлодираа денеска се купени пред пет месеци во исто време со пејџерите.