Вработувањата по етнички клуч прекинуваат до донесувањето конечна одлука на Уставен
Уставниот суд донесе времена мерка за употребата на „балансерот“. Вработувањата по етнички клуч прекинуваат до донесувањето конечна одлука. Судот ја потврди основаноста на иницијативата на Антикорупциска, но и го продлабочи сомнежот дека не се почитувал највисокиот правен акт од институциите во јавниот сектор…

Уставниот суд донесе времена мерка со која прекинуваат вработувањата по етнички клуч во администрацијата. Поведена е постапка за проверка на уставноста на примената на „балансерот“, на иницијатива на Антикорупциската комисија. Со неа се оспорија членови од Законот за вработување во јавниот сектор и Законот за административни службеници, бидејќи се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на национална припадност и достапноста на работни места за сите граѓани.
Одлуката ја донеле шест од девет судии. Не гласале судиите Албанци.
Судот ќе бара објаснување од сите институции кои имаат објавено конкурси и вработувале граѓани според „балансерот“. Ова може да трае и два месеца, по што Судот ќе донесе конечна одлука.
Ирина Гелевска
