За прв пат во Македонија- 3Д лапароскопска технологија
На Клиниката за гинекологија и акушерство почна примената на најсовремената 3Д лапароскопска технолгија. Врвен експерт во областа на гинеколошката онкологија од Словенија со наш тим доктори изведоа две интервенции...

Две пациентки со цистични промени на јајниците успешно се оперирани со современата 3Д лапароскопска хирургија - „Златен стандард“ во третманот на најтешките гинеколошки проблеми кај жената. Оваа метода ја подобрува прецизноста во извршувањето на интервенциите. Со неа ќе можат да се изведуваат и многу посложени операции.
„На доктори кои имаат големо искуство во таа област им овозможува многу голема прецизност во сложени зафати како што се отстранување на лимфни јазли кај инвазивни карциноми на матката на жената, а исто така е од големо значење и за оние кои почнуваат да учат лапароскопија затоа што значително ја скратува кривата на учење на оваа оперативна техника“, изјави д-р Марија Хаџи Лега- директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Со новата техника се овозможува да знае до која длабочинасе оди во изведувањето на интервенцијата
„Веќе направивме една операција со оваа 3Д техника, кој е значаен чекор напред и овозможува не само тешки и понапредни операции, туку и колегите кои доста добро почнаа со лапароскопија побрзо да ја усовршат техниката и да го скратат времето на учење на минимум, бидејќи токму 3Д овозможува длабочина на видот и на операцијата“, рече д-р Леон Меглиќ- Клинички центар Љубљана.
Оваа опрема Клиниката ја чинеше четири ипол милиони денари. Две години се користи во Словенија. Овој апарат го има и во Хрватска.
Андријана Атанасовска
