ОЈО

Истрага за две разбојништва во Скопје

18.09.2024 21:46

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње поради сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

На 12-ти септември влегол во обложувалница на улицата „Никола Тримпаре“ и со опасно орудие – скалпел се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата.

На 14-ти септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар „Лептокарија“, заканувајќи се со скалперот на еден вработен, одзел 80.250 денари.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречува постапката и да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението.