Македонија

Вреди: Одлуката за „балансерот“ е дел од сценариото за меѓуетнички проблеми

18.09.2024 21:40

Владејачката коалиција на партии од албанскиот политички блок, „Вреди“, остро реагира на денешната одлука на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и за замрзнување на употребата на т.н. балансер за вработување на припадници на немнозинските етнички заедници во јавната администрација...

Владејачката коалиција на партии од албанскиот политички блок, „Вреди“, остро реагира на денешната одлука на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и за замрзнување на употребата на т.н. балансер за вработување на припадници на немнозинските етнички заедници во јавната администрација.

Оваа одлука, според нив, е инспирирана од очигледната потребата на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата.

„Сакаме да ѝ укажеме на јавноста дека сите судии, без исклучок или било каква припадност, се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние кои денес поведоа постапка против т.н. балансер. ВЛЕН веќе работи на решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциите, но на адекватен систематизиран и кодифициран начин. ВЛЕН ќе го реши овој проблем со нов закон на кој веќе се работи. Да потсетиме дека принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот на Република Северна Македонија и тој не може да биде оспорен и поништен дури ни од страна на Уставниот суд. Дополнително, во десетици и десетици, можеби и стотици материјални закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците“, велат од коалицијата „Вреди“.