Со највисоки почести погребани трагично загинатите пилоти
Во Соборниот храм Свети Климент Охридски се одржа опело. Голема загуба за Македонија, загубивме храбри луѓе, и ние, и нивните семејства, нагласи во опелото Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

На градските гробишта во Бутел, со највисоки почести, денеска се погребани трагично загинатите македонски пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков. Вчера во Куманово беа погребани и посмртните останки на пилотот Марјан Трајковиќ.
Во Соборниот храм Свети Климент Охридски се одржа опело. Голема загуба за Македонија, загубивме храбри луѓе, и ние, и нивните семејства, нагласи во опелото Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во Македонија е ден на жалост. Во меѓувреме е формирана посебна комисија, што треба целосно да ги расветли причините за несреќата.
Неофицијално, двете црни кутии на кои е снимен разговорот во кабината, ќе се преслушуваат во Казан, Русија.
Во земјава знамињата се спуштени на половина копје.
Во Собранието на Република Македонија, денешната седница почна со едноминутно молчење, во знак на почит на загинатите пилоти.
