Зеленски потврди дека планот за победа е подготвен
Претседателот Зеленски потврди дека украинскиот план за победа во војната што мора да му го претстави на американскиот колега Бајден до крајот на месецот, е целосно подготвен...

Русија и Украина продолжуваат да се борат должината на фронтот. Претседателот Зеленски потврди дека украинскиот план за победа во војната што мора да му го претстави на американскиот колега Бајден до крајот на месецот, е целосно подготвен.
„Идентификувани се потребни детали за планот. Се е разработено. Нема и не може да има алтернатива за мирот, нема замрзнување на војната или какви било други манипулации кои едноставно ќе ја префрлат руската агресија во друга фаза“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Рускиот претседател Путин изјави дека земјата имплементира програма за сеопфатно доопремување на армијата и морнарицата.
„Војниците ќе добијат не поединечни, туку сериски примероци на модерно оружје и оклопни возила со висока прецизност, системи за откривање непријатели, системи за контрола и комуникација. И се разбира, системи за беспилотни авиони од различни типови, од стратешки и тешки до мали и ултра мали“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Одбивањето на раководството на НАТО да ги земе предвид изјавите на рускиот претседател Путин за последиците од можните напади врз Русија со западно оружје е опасен и кусоглед чекор, велат од Кремљ.
