ЕВРОПА

Бурата „Борис“ донесе поплави и во Италија

19.09.2024 08:34

Во поголемиот дел од земјата се издадени предупредувања за изобилни дождови и силен ветер...

Интензивната бура Борис која зафати делови од централна Европа и донесе големи поплави, пристигна до Италија. Во поголемиот дел од земјата се издадени предупредувања за изобилни дождови и силен ветер.

Предупредувањата во Италија доаѓаат откако оваа недела поплавите погодија делови од Полска, Чешка, Романија и Австрија, при што загинаа најмалку 23 лица. За опасност од невреме и поплави во наредните денови предупредуваат и властите во Хрватска, Унгарија и Словачка.