Концерт на Филхармонија и доделување на наградата на СОКОМ – „Георги Божиков“
Традиционалниот концерт на Филхармонија на ДММ 2024, кој ќе биде вистинско патување низ различни периоди и стилови на македонската музичка мисла. Вовед во свеченоста ќе биде доделувањето на Наградата „Георги Божиков“, која СОКОМ ја доделува за најуспешна изведба на дела од македонски композитори во текот на претходната година...

Вечерва во Големата Сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот, а во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2024“, свој концерт ќе одржи оркестарот на Македонската филхармонија и воедно ќе биде доделена наградата на СОКОМ – „Георги Божиков“.
Традиционалниот концерт на Филхармонија на ДММ 2024, кој ќе биде вистинско патување низ различни периоди и стилови на македонската музичка мисла.
Вовед во свеченоста ќе биде доделувањето на Наградата „Георги Божиков“, која СОКОМ ја доделува за најуспешна изведба на дела од македонски композитори во текот на претходната година. За 2023 година, наградата му се доделува на камерниот состав Пијано трио: Татјана Петрушевска Караскаковска (обоа), Марјан Милошевски (фагот) и Петар Макариевски (пијано).
Диригент на концертот ќе биде Томас Херцог, кој со својот богат репертоар и уметничко искуство, ќе го води оркестарот низ ова посебно музичко патување во македонската музика. Фестивалот се одржува под покровителство на Претседателот на Р Македонија, со поддршка на Министерство за култура.
Влезот е слободен.
