Македонските шахисти ја совладаа Швајцарија
По седум одиграни кола машката шаховска репрезентација на Македонија е на 25. место. Во осмото коло играме против селекцијата на Полска...

Во седмото коло од шаховската Олимпијада која се одржува во Будимпешта, македонските шахисти со 2,5 – 1,5 ја совладаа Швајцарија, шахистите одиграа 2-2 со Тринидад и Тобаго.
Кај шахистите цели поени освоија Евгениј Романов и Тони Лазов, Емил Ристески ремизираше, додека Антон Златков го загуби мечот.
По седум одиграни кола машката шаховска репрезентација на Македонија е на 25. место. Во осмото коло играме против селекцијата на Полска.
Македонските шахистки ремизираа 2-2 со селекцијата на Тринидад и Тобаго. По седум одиграни кола македонските шахистки се на 84. место на табелата. Во следното коло ќе играат против селекцијата на Јужна Африка.
