Преку анализа на крвта до рано откривање на Алцхајмер
Британските научници откриле тест за рано откривање на Алцахајмеровата болест, од која страдаат 44 милиони луѓе во светот. Со анализа на крвта, односно на 10 протеини може да се утврди појавата на болеста пред мозокот да биде зафатен толку што не може да се излечи.

Тие протеини ја наговестуваат болеста која што може да се спречи или забави со низа лекови и да се вложи во нови кои што оваа болест нема да ја прават неизлечива како сега. Овие тестови може да се применат при клиничко испитување на експериментални лекови против Алцхајмерова болест и наскоро може да станат рутинска процедура во болниците. Ова откритие на британските научници може да го спаси човештвото трошок од 604 милијарди долари годишно и да ги олесни маките на здравствените системи, институциите и на семејствата што мора да се грижат за луѓето со деменција болест од која мозокот пропаѓа. Се предвидува дека бројот на заболени од Алцхајмер до 2050 ќе биде тројно поголем.
Соња Стојановска