Македонија
Заменик-министерката Трајков на конференција за родова еднаквост WOMEN ON BOARDS ADRIA
19.09.2024 10:50
Трајков ќе учествува на конференција посветена на родовата еднаквост во организација WOBA, регионална иницијатива од European Women on Boards...
Денес заменик-министерката за европски прашања доц. д-р Викторија Трајков ќе учествува на конференција посветена на родовата еднаквост во организација WOBA, регионална иницијатива од European Women on Boards.
WOBA активно е вклучена во усогласување на регионот со Европската директива 2381/2022 која пропишува 40% жени во управните и надзорните одбори или 33% жени на менаџерски позиции.
Во Македонија иницијативата беше актуелизирана во март 2024 година и моментално има 50 членови од Македонија и 150 членови од регионот.