ЦУК
ЦУК апелира до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали
19.09.2024 11:05
Од ЦУК и денеска апелираат до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив...

Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи нема регистрирано пожари на отворено. На бројот за итни случаи имало вкупно 1.419 повици. Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 69,63 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, a кон пожарникарите 1,57 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Од ЦУК и денеска апелираат до граѓаните за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.
