Северна Кореја

Северна Кореја тестира нови ракети

19.09.2024 11:45

Според Корејската централна новинска агенција, лидерот Ким Џонг Ун повикал на засилување на оружјето и нуклеарните способности поради сериозната закана што ја претставуваат надворешните сили...

Северна Кореја изврши нови тестови на оружје, вклучително и лансирање на нови тактички балистички ракети со супер големи боеви глави. Според Корејската централна новинска агенција, лидерот Ким Џонг Ун повикал на засилување на оружјето и нуклеарните способности поради сериозната закана што ја претставуваат надворешните сили.

Во меѓувреме, претставници на Киев и независни експерти велат дека има индиции, некои од ракетите што Русија ги користела во војната против Украина да се од севернокорејско производство.