Реакции

Софија обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје

19.09.2024 11:44

Кабинетот на бугарскиот претседател и Министерството за надворешни работи реагираа на како што се наведува, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од функционери од Македонија...

Кабинетот на бугарскиот претседател и Министерството за надворешни работи реагираа на како што се наведува, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од функционери од Македонија.

Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали.

Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформална средба, каква што се одржа меѓу претседателите на Бугарија и Република Северна Македонија на 13 септември, очигледно во голема мера вознемири одредени кругови во Владата на Северна Македонија.

За „цивилизираноста“ на новата влада допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе им се спротивстави, се наведува во соопштението од прес-службата на претседателот Радев.

Од бугарското МНР пак, во реакцијата обвинуваат за неиспровоцирани неевропски реакции од Скопје во кои, како што велат, Софија не сака да учествува. Уште еднаш потсетуваме на клучното значење на развојот на добрососедските односи за европската иднина на Република Северна Македонија, стои во реакцијата на бугарското МНР.