Посета

Нуланд: САД се подготвени да и помогнат на Македонија во евроатланските аспирации

14.07.2014 15:31

САД силно ја поддржуваат Македонија и бев многу задоволна денеска да чујам за реформите кои ги презема и планира Владата, рече заменикот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, која денеска оствари средби со државниот врв...

Викторија Нуланд, американскиот помошник- државен секретар за Европски и Евроазиски работи во Скопје со јасна порака дека САД ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и во ЕУ. Ова Нуланд го изјави по средбата си премиерот Никола Груевски.

САД силно ја поддржува визијата која ја имаме уште од рамковниот договор, за држава која се движи напред во просперитет и демократија, рече таа на прес-конференцијата. Проширувањето останува приоритет на НАТО, тоа особено се однесува за Македонија, рече Нуланд.

Разговорот со помошник државниот секретар Нуланд беше конструктивен, изјави премиерот Груевски. Тој ги истакнал реформите на државава на сите полиња и учеството на Македонските војници во мировните мисии како импулс за поскоро зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Во приоритетите Груевски покрај реформите ги набројал и меѓуетничката кохезија и разговорите со Грција за името за кои е потребана добра воља од двете страни.

Викторија Нуланд денеска се сретна и  претседателот Ѓорѓе Иванов кој  посочил дека предолгиот статус- кво  во интеграциите не помагаат во унапредувањето на македонскиот модел на соживот и затоа на Македонија и е потребна силната подршка од САД.

Со министерот за надворешниу работи Никола Поповски, и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Помошник државниот секретар пред Скопје престојуваше во Дубровник, на форумот за Западен Балкан, беше во подгорица Тирана и Белград.