Демне опасност од чума кај преживарите
Европа и регионот исправени пред нов предизвик, опасност од ширење на новата маларична болест, чума кај малите преживари. Институциите се подготвуваат, се воведува засилен граничен надзор и забрана за увоз на животни. Во соседна Грција поради чумата уништени 16.800 грла овци и кози, во земјава под закана се 487 илјади...

Регионот засилено се подготвува за заштита од новата маларична болест пипиар, чума кај малите преживари. Во земјава засега не е регистриран ниеден случај, но болеста ја има во Романија и соседна Грција, а со тоа голема е опасноста за нејзино проширување.
Институциите се подготвуваат, се преземаат мерки за превенција, засилен граничен надзор и забрана на увоз на животни.
„Има опасност, но преземаме санкции договорени сме со ЗЕЛС разговаравме неопходна ни е помош бидејќи ако се прошири болеста таа не е штетна по здравјето на луѓето но е штетна по овците и козите“, вели Оливер Миланов-директор на Агенција за храна и ветеринарство.
„Во случајот на пипиар, граничната контрола е важен фактор и веќе сите земји во ЕУ каде се појави болеста имаат строги мерки кои вклучуваат и забрана за движење на животните од тие региони“, вели Тони Киранџиски-тим лидер на регионалниот проект за контрола на заразни болести на Западен Балкан.
Во соседна Грција поради чумата уништени 16.800 грла под закана во земјава се 487 илјади овци и кози, последиците и штетите врз сточарството ќе бидат големи.
„Ваков тип на болести дополнително драстично ќе го одвратат оние луѓе кои сè уште се волни да чуваат стока, доколку се појави и се уништат животни после тоа тешко се враќаат да го возобноват“, вели Игор Џаџоски-професор на Ветеринарен факултет.
Состојбата со африканската свинска чума, која се појави во 2022 година во земјава моментално е стабилна, нема нови жаришта, досега угинаа околу 10.000 свињи.
Соња Рилковска
