Македонија

Доцнат поштенските пратки

19.09.2024 12:49

Граѓаните се жалат на доцнењето на сметките, но и за пратките нарачани преку интернет. Од Агенцијата за пошти велат за пратките однадвор, има и други фактори зошто не стигнуваат навремено...

Сметките доцнат, граѓаните се жалат дека плаќаат камати и трошат време на шалтерите за административни процедури. Велат постои проблем и со доцнење на оние пратки нарачани преку интернет. Се чека и по неколку месеци, ако и воопшто и пристигнат.

Од Агенцијата за поштенски услуги велат дека има доцнења на пратките, но за пратките однадвор, има и други фактори зошто не стигнуваат навремено до граѓаните.

Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело има функција да ги регулира поштенските услуги и да ги заштитува правата на корисниците.

И додека Македонија сè уште се занимава со картончиња и достава до сандаче, сите земји во регионот го модернизираа системот за пратки. Последна на листата е Србија.

 

Александра Спировска