Средба Муцунски-Столтенберг
Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, му изразил лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, врачувајќи му плакета за постигнатите успеси.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел оствари средба со Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг. Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, му изразил лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, врачувајќи му плакета за постигнатите успеси.
Го истакнав неговото водство во турбулентните години, со кое значително ја зајакна и модернизира Алијансата, правејќи ја покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста. Воедно, ја нагласив важната поддршка за нашето членство и личните напори што ги вложи за промовирање на мирот во Западен Балкан, како и посветеноста кон политиката на отворени врати на НАТО, која е клучна за регионалната стабилност-пишува во објавата на министерот Муцунски.
