Брисел

Премиерот Мицкоски во работна посета на Брисел

19.09.2024 13:15

На дневен ред е Планот за раст на регионот, но премиерот не ја исклучува можноста да се разговара и за одложена примена на уставните измени. На дневен ред е Планот за раст на регионот, но премиерот не ја исклучува можноста да се разговара и за одложена примена на уставните измени...

Премиерот Мицкоски во работна посета на Брисел. Со лидерите на Западен Балкан ќе имаат средба со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен. На дневен ред е Планот за раст на регионот, но премиерот не ја исклучува можноста да се разговара и за одложена примена на уставните измени. Во делегацијата се и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Шефот на македонската дипломатија се сретна со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг. Какви пораки беа испратени, во Дневникот од Брисел известува Марина Стојанова Тонева.