Утре без струја неколку скопски населби и села
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку скопски села и населби ќе останат без струја. Причина за прекините се технички зафати во електросистемот.

Утре од 10 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „11 Октомври“ бр. 2 и бр. 9.
Од 8 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Бучинци и Дељадровци, објектите на „Глобекс“ и „Макпетрол“, како и селата Миладиновци, Текија, Мршевци, Бујковци и Грушино.
Без електрична енергија од 11 до 13 часот утре ќе бидат „Макпетрол“ и околните објекти во општина Гази Баба. Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Жорж Бизе“ бр.20 б, а од 8 до 15 часот Природонаучниот музеј, бараките на Град Скопје, корисниците од булеварот „Илинден“ од бр. 77 до бр.89 и корисниците од улиците „Алберт Ајнштајн“, „Орце Николов“, дел од „Рузвелтова“ и „Донбас“.
Во периодот од 9 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Арачиново, кај полициската станица и кај долната џамија.
Соња Стојановска
