Здравство

Идната година стартува доизградбата на клиничката болница во Штип и општата во Кичево

19.09.2024 13:47

Клиничката болница во Штип почна да се гради 2016 година и сè уште не е доизградена. Општата болница во Кичево се гради од 1996 година. И покрај честите најави да доизградба на овие објекти, годинава нема да има градежни зафати. Се бараат оператори кои би почнале со работа наредната година …

И оваа година нема да се продолжи со доизградбата на Клиничката болница во Штип и Општата болница во Кичево. Тендерите сè уште не се распишани, но министерот за здравство изјави дека се работи на случајот.

Просторните услови во штипската болница не се единствениот проблем, со години болницата работи со недостиг на медицински кадар.

Недостигот од лекари ќе се ублажи со ангажирање на приватните специјализанти. За работа во болницата во Штип аплицирале триесеттина специјализанти од Штип и источниот регион. На државно ниво 480 специјализанти доставиле апликации за до Министерството за здравство, за вработување во државните болници.

 

Славица Величковска