Земјоделство

Проект за решавање на приватно-јавната сопственост во Пелагонија

19.09.2024 14:03

Околу 2.000 илјади пелагониски земјоделци имаат над 16.000 илјади хектари добиени со денационализацијата во рамките на ЗК Пелагонија. За трајно решавање на имотно правните односи но и на окрупнување на распарчените парцели ФАО и МЗШВ започнаа проект кој подоцна треба да биде преточен во законско решение на оваа приватно-јавна сопственост …

Со проектот преточен во идно законско решение „Поддршка за решавање на приватно-јавната сопственост со цел подобрување, на управувањето и владеењето на обработливото земјиште“, пелагониските земјоделци пред решавање на деценискиот проблем со времено заменетите парцели од денационализацијата.

Земјоделецот Тони Петковски располага со осум хектари поделени во повеќе единици. Со добивањето на имотен лист и нивно окрупнување вели бенефитот ќе биде голем.

Министерот Трипуновски нагласи дека со помош на ФАО се работи за сериозен план. Со иста посветеност вели се работи на земјоделците да не им се должи ни денар за субвенциите заклучно со ланската година.

Во насока на помош на земјоделците ресорниот министер потсети дека веќе се донесени стимулативните мерки три денари за килограм произведена пченица, зголемување од шест на 12-сет илјади за хектар јачмен како и покачување за сто отсто на мерката за зелена нафта.

 

Стевче Митревски