Реакции

Николоски: Бугарија непотребно ја внесува Македонија во предизборната тематика

19.09.2024 14:26

На изјавите на бугарските политичари вицепремиерот Александар Николоски со коментар-непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија.

Кабинетот на бугарскиот претседател, Министерството за надворешни работи, но и остатокот од бугарската политичка сцена реагираат, на како што се наведува, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од функционери од Македонија. За „цивилизираноста“ на новата влада допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе се спротивстави, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Радев.

„Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали“-се вели во дописот од кабинетот на бугарскиот претседател.

Експремиерот и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов коментирајќи ја изјавата на македонскиот вицепремиер Александар Николоски рече дека после таква реторика, бугарските политичари не треба да се среќаваат со македонските колеги, побара извинување од земјава, но и оставка од Николоски.

„Тоа е јасно опишано, за пријателска средба што се прави, за официјална, за работна, но да речеме дека тука немаат искуство. Но, јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив“, рече Борисов.

На изјавите на бугарските политичари вицепремиерот Александар Николоски со коментар-непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија.

„Јас останувам зад сè што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава, а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата којашто ја претставува. Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска Давкова како претседател на Македонија“, вели Николоски.

Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на европската унија, да го изоди патот кон Европската унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижени. Ние секогаш ќе ги браниме македонските национални интереси – пишува во дописот вицепремиерот Николоски.

Миле Ристески