Европа

Сијарто: Лицемерие на Брисел е разрешувањето на Вархеји

19.09.2024 14:54

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто потегот на Урсула Фон дер Лајен го нарече „лицемерие на Брисел“.

Во новата европска влада, Оливер Вархеји нема повторно да биде назначен за еврокомесар за проширување. На негово место треба да дојде Марта Кос од Словенија. На ова реагираше официјална Будимпешта, актуелен претседавач со Унијата. Шефот на унгарската дипломатија Сијарто потегот на Урсула Фон дер Лајен го нарече „лицемерие на Брисел“.

„Јавно сите европски претставници го поддржуваат европското проширување, но кога разговараат 27-те земји зад затворени врати тогаш повеќето зборуваат против проширувањето. И очигледно е дека целта не може да се постигне кога Урсула Фон дер Лајен реши да не го избере Оливер Вархеји за еврокомесар за проширување, кој е предложен од Унгарија. Ова покажува дека таа учествува во лицемерието на Брисел што е актуелно во Европската унија во однос на проширувањето.