МВР

Приведен крадец осуден на 10 години и 9 месеци затворска казна

19.09.2024 15:36

Денеска на ул. „Волт Дизни“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје...

Денеска на ул. „Волт Дизни“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје, информираат од МВР.

Тој бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната.

Лицето било спроведено во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната, се наведува во соопштението.