Македонија

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

19.09.2024 16:43

Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле...

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како прелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

– Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера, од компанијата „Атлантик траде“ Скопје ДОО Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува производите: 280766 Кексичи како прелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025 и 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025. Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија. АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле, велат од АХВ.