Македонија

Минчев на средба со Тања Карлебах од Националниот демократски институт

19.09.2024 18:01

Денеска, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Тања Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, ДМС системи и антикорупција од Националниот демократски институт (НДИ), на која се разговараше за тековните проекти кои министерството ги спроведува...

Денеска, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Тања Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, ДМС системи и антикорупција од Националниот демократски институт (НДИ), на која се разговараше за тековните проекти кои министерството ги спроведува како и за можностите за идна соработка помеѓу двете страни, истакнувајќи ја важноста од зајакнување на демократските процеси и унапредување на капацитетите на јавната администрација.

Фокусот на средбата беше во рамките на проектот за градење отпорност кон корупција на локално ниво, кој е финансиран од швајцарската агенција за развој и соработка. На состанокот се разговараше за можностите за соработка во областа на реформата на јавната администрација, подобрување на DMS системите и ефикасна борба против корупцијата.

Министерот Минчев ја истакна важноста на овие иницијативи преку кои ќе се зголеми транспарентноста и довербата на граѓаните во институциите. Карлебах го поздрави напредокот на реформите во јавната администрација иницирани од министерството и изрази подготвеност за поддршка во фазите кои претстојат.

Двете страни нагласија дека заедничките напори ќе придонесат за подобрување на јавната администрација и создавање на поефикасни механизми за справување со корупцијата, како и севкупно подобрување на работата во јавната администрација.