Црна Гора
Драма на аеродромот во Подгорица, пилот пријавил бомба во авион
19.09.2024 18:59
Капетан на „ЛОТполиш“ пријавил дека во авионот на таа компанија има бомба, па принудно слетал во Подгорица...

Капетан на „ЛОТполиш“ пријавил дека во авионот на таа компанија има бомба, па принудно слетал во Подгорица.
Аеродромот официјално соопшти дека нешто пред 17 часот денеска на аеродромот во Подгорица е започната вонредна инспекција на авионот на националната полска авиокомпанија „Лот Полиш ерлајнс“.
На терен е и полицијата, како и полициската антидиверзантска заштита.
Авионот бил изолиран и далеку од патничкиот терминал. Патниците биле безбедни, а летовите на аеродромот се одвиваат непречено, стои во соопштението.
