Скопје

Утре без вода делови од Центар

19.09.2024 19:03

Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до санирање на дефектот...

Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм на ул. „Македонија“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза) во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Димитрија Чуповски“ до „Даме Груев“ и дел од „Луј Пастер“.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје