Собрание

Крводарителска акција во Собранието

19.09.2024 20:41

Преку соработка на Институтот за трансфузиона медицина и Собранието на Република Северна Македонија, денес во законодавниот дом се одржа крводарителска акција во која крв даруваа пратениците и собраниската служба...

Преку соработка на Институтот за трансфузиона медицина и Собранието на Република Северна Македонија, денес во законодавниот дом се одржа крводарителска акција во која крв даруваа пратениците и собраниската служба.

Во текот на денешниот ден крв даруваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, којшто истовремено ја поздрави оваа хумана и благородна акција со надеж дека ќе прерасне во традиција.

Преку оваа крводарителска акција Собранието, се вели во соопштението, ја покажа својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност, се вели во соопштението од Собрание.