Скопје
Без струја утре делови од Петровец и Кисела Вода
19.09.2024 21:13
Прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје...

Без струја утре од 8:00 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците во близина на регионалниот пат Скопје – Катланово, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до исклучок кон село Огњанци, дел од улиците „3“, „7“ и „2“ во Општина Петровец.
Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат делови од Пржино, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Француската амбасада и дел од корисниците лоцирани на улица „Милан Мијалковиќ“.
Прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
