живинарство

Зголемена опасност од птичји грип

20.09.2024 08:13

Со есенскиот прелет на дивите птици кон југ се зголемува опасноста од ширењето на птичјиот грип. Болеста е зооноза, првенствено ги напаѓа птиците, но не е исклучена и можноста за зараза и заболување кај луѓето. Европските ветеринари, иако тоа досега не беше вообичаено, забележале дека вирусот во регионов бил присутен и во летните месеци...

Болеста е појавена во повеќе од 30 земји во Европа.

Досега вирусот на птичјиот грип главно изумирал во текот на летото, но оваа епидемија трае преку целата година и полесно се шири меѓу птичјите популации, велат ветеринарите.

Болеста ја има во Западна Русија и во Казахстан, од каде преселниците и преку нашава земја, прелетуваат до местата за презимување.

За живината, ветеринарите порачуваат ограничено движењето надвор од живеалиштата, а одгледувачите да внимаваат да се спречи евентуален контакт со дивите птици и да не се привлече нивното внимание со давање вода и храна на живината во дворовите.

Промената во здравствената состојба на живината или зголемената смртност задожително треба да се пријави кај ветеринарните власти.

Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето.

Болеста предизвикува големи економски загуби, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, стапката на смртност е многу висока.

 

Методија Трајков