Образование

Министерката Јаневска на настан насловен „Запознајте ги суперучилиштата“

20.09.2024 08:24

На настанот насловен „Запознајте ги суперучилиштата“ на кој ќе бидат претставени 15 средни училишта од државата кои ќе реализираат заеднички проекти со партнерски училишта од регионот...

Денеска во Европската куќа во Скопје, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на церемонијален настан насловен „Запознајте ги суперучилиштата“ на кој ќе бидат претставени 15 средни училишта од државата кои ќе реализираат заеднички проекти со партнерски училишта од регионот.

Соработката се воспоставува преку т.н. шема за размена на суперучилишта од Западен Балкан, која е кофинансирана од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој, а имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).