Македонија

Муртезани во работна посета на Будимпешта

20.09.2024 08:40

На средбата во Будимпешта предвидено е да се разгледаат можностите за унапредување на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, за време на актуелното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на покана на министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока, денеска престојува во работна посета на Унгарија. На средбата во Будимпешта предвидено е да се разгледаат можностите за унапредување на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, за време на актуелното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ.

Ќе се разговара и за билатералната соработка и нејзино продлабочување преку заеднички проекти, како и за Планот за раст и Реформската агенда и регионалните иницијативи.