23 годишна конференција на Македонска берза во Охрид
На годишната конференција ќе учествуваат претставници на финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн.

Во Охрид денеска и утре ќе биде одржана 23-та годишна конференција на Македонска берза.
Како што најавија од Македонска берза, на годишната конференција ќе учествуваат претставници на финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн.
Ќе има и учесници од странство, особено од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот и извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.
Фото: / Македонска берза
